Тажен ден за Виница. Денес (недела) беше погребан младиот Ратко Даневски, кој го зави целиот град во тага и неверување, со неговата прерана смрт на само 27 години.
На социјалните мрежи изминатите денови имаше огромен број на објави со последен поздрав за својот роднина, пријател, сограѓанин, сите во еден тон и глас – дека никогаш нема да биде заборавен.
Таква порака прати и неговиот близок другар, македонскиот фудбалски интернационалец Марио Крстовски, кој во моментот го носи дресот на турскиот тим Истанбулспор.
Неговиот тим беше поразен со 1:3, а единствениот гол го постигна Македонецот, кој имаше јасна порака.
-R.I.P. Gone but NEVER FORGOTTEN (Почивај во мир. Замина, но никогаш нема да бидеш заборавен).
Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата, пријателите и билските на младиот Ратко. Нека му е вечна слава и нека почива во мир.



