Малолетник избодел 24-годишно момче во Струга

34

Ноќеска, кратко по полноќ, во ОВР Струга од слобода е лишен Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа, соопшти МВР.

Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус“ во Струга, со нож го прободел М.П.

Повредениот, со возило на Итната медицинска помош од Струга е пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Претходна вестТрајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе, истакна Венко Филипче
Следна вестБура и невреме: Џиновски циклон ја зафати Македонија – еве каде е најопасно