Валентина Колева од Скопје е загрижена самохрана мајка на 10-годишната Мила која е родена со комплексна срцева мана. Досега ова мало девојче беше подложено на повеќе операции во нејзиниот еднодецениски живот. Валентина од самиот почеток се грижи сама за нејзиното дете. До неодамна во тоа и помагаше и нејзината мајка, која за жал ќе рече таа, ја изгуби под тркалата на несовесен возач, додека таа со Мила трчала низ болничките ходници борејќи се за животот на нејзиното мало девојче. Таа е вработена во приватна фирма со скратено работно време и едвај го минува месецот, а во меѓувреме кај Мила се појавува потреба од нова интервенција во Турција, поради значителна стеноза и дисфункција на тековниот канал на нејзиното срце. Таа интервенција и тековни снимања чинат 10000 евра, што за оваа самохрана мајка во моментов е цело богатство.
Валентина е очајна, помош нема од никој и се надева само на хуманоста од нашиот народ за да и помогне на нејзината „зеница„ и таа да има безгрижно детство. А, малата Мила, и покрај тешкиот почеток на нејзиниот живот, чиниш го собрала сиот позитивен прав од овој свет и подготвена е и на најтешките битки само да биде иста како другарчињата. Таа и сега верува во нејзиниот идол, мајката Вале, зашто досега многупати се уверила дека таа и последниот атом сила ќе го даде само таа да оздраве и да може да ужива во животот.
-Мила имаше проблеми со срцето уште откако се роди. Многу мала, сеуште беше бебе, ја однесов на операција во Англија, и оттаму ми рекоа дека првите седум години живот нема да има проблеми, мо потоа повторно ќе се јават стеснувања кои ќе и го отежнуваат живот. И, навистина, Мила веќе има десет години и од пред некоја година сите прегледи тука кај нас алудираат на тоа дека потребна е нова интервенција доколку сакаме безгрижно да продолжи со животот- низ солзи расксажува Валентина мајката на малата Мила.
-Сама се грижам за неа, немам поддршка од никој. До скоро во се ми помагаше мојата мајка, но ја изгубив трчајќи по болници со Мила, таа го заврши животот под тркалата на еден несовесен возач. Многу ми е тешко без неа, а не знам што ќе правам и доколку ја изгубам Мила. Тоа не сакам ни да си го помислам. Морам да се изборам да најдам средства за да може да да и помогнам. Доктори од Турција ни дадоа надеж дека се ќе биде во ред, па треба да соберам 10000 евра за хотел и престој таму, за да и направат анализи после кои ќе следи и интервенција. Верувам во докторите и знам дека тоа е единствената надеж за моето мало девојче. Се што сакам е, и таа да расте безгрижно како и сите останати деца. Да трча, да си игра, да спортува, да ужива во животот- додава таа.
Истото го посакува и слатката Мила, која ги замолува сите граѓани да и помогнат да замине во Истанбул каде таа ќе биде оперирана и ќе оздраве.
-Сакам да го замолам хуманиот народ од Република Македонија да ми помогнат мама да собере пари и да ме однесе на операција во Турција. ЗАшто се што сакам, е не на часовите по физичко додека сите играат и спортуваат јас да седам на столче, туку да трчам заедно со другарчињата и најбрзо од сите нив. Зашто јас многу сакам да пливам, да скијам на снег, а најмногу сакам да станам позната одбојкарка, вели за Срце на Дланка.
Сите веруваме во остварувањето на сонот на малата Мила и дека таа наскоро ќе замине на операција во Турција благодарение на донациите од нашиот хуман народ. До отворање на броеви за донации, ве молиме средствата да ги уплаќате на сметката на нејзината мајка Валентина Колева 300007099330902 Комерцијална банка.
Контакт: Валентина Колева 078371960