Во текот на денот се очекува прес-конференција од партијата ЗНАМ, на која ќе бидат соопштени носителите за парламентарните избори. Од наши извори од партијата, ви ги пренесуваме во моментот потврдените кадри односно носители.
Зад овој избор, цврсто стоел претседателот на партијата, Максим Димитриевски, кој пак ќе биде кандидат за претседател на државата.
Ова се неофицијално потврдените имиња за носители од партиајта ЗНАМ:
ИЕ 1 – Бобан Карапејовски, член на ИО ЗНАМ
ИЕ 3 – Павле Арсовски, генерал
ИЕ 4 – Миле Цеков, претседател на ЗНАМ Струмица
ИЕ 5 – Весна Бендевска, потпретседател на ЗНАМ
ИЕ 6 – Небојша Захариевски, претседател на ЗНАМ Куманово
Во ИЕ 2, иако едно име се истакнува пред сите други, се уште нема сигурна потврда. Во текот на денот се очекува потврда и на тоа име, за кое дополнително ќе известиме.