Македонските јуниорки го отворија СП со убедлива победа над САД

118

Македонската женска ракометна репрезентација ја обезбеди првата победа на Светското У-20 првенство, кое денеска започна во нашата земја.

РФМ ја доби одговорноста и честа да го организира силниот мундијал во младинска конкуренција, а нашата репрезентација го започна настапот со победа над селекцијата на Соединетите Американски Држави (32:15).

Македонките ја оправдаа фаворитската улога и првиот дел го завршија со предност 15:6, за во продолжението дополително да биде зголемена позитивата.

Најефикасни на натпреварот во нашата репрезентација биле Борјана Коцева со 9 и Ива Младеновска со 7 голови.

Единствен негативен момент за нашата селекција е повредата на Бојана Коцева.

претходниот член,Тинејџер загина во сообраќајка на патот Куманово-Липково
Следната статијаПочина војник на 25-годишна возраст