Според информации објавени од Hype TV MK, на 43-годишна возраст почина Дарко Голубовски, познат во јавноста како Кнеле.
Голубовски беше препознатлива и контроверзна фигура во македонската јавност — познат по својата поврзаност со Раде Трајковски – Штекли.
Во февруари 2025 година, тој беше уапсен со 4,5 килограми кокаин, како дел од групата на Штекли.
Покрај тоа, Кнеле беше и јавна личност со сериозна здравствена борба — пред неколку години му беше пресадено вештачко срце.
Во јавноста беше препознатлив и по своето појавување во спотот за песната „Алал вера“ на Слаткаристика, како и како гостин во подкастот на Стефан Лазаров, каде што искрено зборуваше за својот живот и пријателствата со познати личности.
Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата и пријателите на Кнеле.
Нека почива во мир!



