Македонија: На сила внел 22-годишна девојка во своето возило и ја истепал – уапсен 30 годишен маж

283

На 22.03.2024 во 22.40 часот на автопатот Тетово – Гостивар, на клучка за с.Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од с.Теново, тетовско.

Tој се сомничи дека околу 21.10 часот во Тетово со употреба на сила ја внел А.Е.(22) од Тетово во своето возило и физички ја нападнал.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Претходна вест(ФОТО) Знамиња на половина копје: Ден на жалост во Русија по терористичкиот напад во Москва
Следна вестВреме е за првата ждрепка во ДИК – еве што ќе се одлучува утре