Македонија на памети вакви сцени: На грб се изнесуваат немоќни лица – евакуацијата и натаму трае

1690

По обилните врнежи и излевањето на реката, во Кичево се одвиваа драматични сцени. Поплавите зафатија повеќе домови, а надлежните служби интервенираа за извлекување на неподвижни и тешко подвижни лица од поплавените куќи.

Паралелно со спасувачките акции, мештаните се обидуваа да ги спасат и своите животни. На една од снимките што кружи на социјалните мрежи се гледа како жител го пренесува своето куче во повисок објект за да го заштити од водата.

Исто така, чести се појавите и на тоа како постари и луѓе кои не можат лесно да движат, да бидат носени од страна на спасувачките тимови.

Според информациите, досега се евакуирани околу 180 лица. Жителите велат дека состојбата и натаму останува тешка, а водата на некои места сè уште не се повлекла.

Надлежните апелираат на претпазливост и следење на официјалните информации.

Претходна вестСе стравува бројот ќе расте: Дождот во Македонија загрози над 180 луѓе – итно евакуирани
Следна вестГолема тага во Македонија: Почина познатата актерка