Македонија ја потресе лоша вест: Избоден 29-годишник позади угостителски објект

7269

Млад маж избоден со остар предмет во Радовиш, полицијата трага по напаѓачот

Дваесет и деветгодишниот П.Б. од Радовиш е повреден со остар предмет во инцидент што се случил зад угостителски објект во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, непознато лице му нанело повреди на П.Б. и веднаш потоа го напуштило местото на настанот.

Инцидентот се случил околу полноќ, а повредениот бил итно пренесен и хоспитализиран во Здравствениот дом Радовиш.

Извршен е увид на местото на настанот, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Претходна вестМи рече: Ја родив Сара на 37 години. Подобро да не ја родев, толку се каам …
Следна вестНе сите добија пари од Мој ДДВ – УЈП со важно известување