Македонците тријат раце: Пад на цените на половните возила во Германија

5074

Просечната цена на употребуваните автомобили во Германија во септември оваа година падна за околу 300 евра, достигнувајќи 26.487 евра, што е најниско ниво од јануари 2022 година, кога просекот беше 26.252 евра, покажуваат податоците на германскиот пребарувач „Аутоскаут24“ (AutoScout24).

Во изминатата година, цените на половните автомобили на германскиот пазар се намалени за повеќе од пет проценти, односно за 1.397 евра. Од март 2023 година, кога цените достигнаа свој врв, тие се намалени за повеќе од девет проценти.

И покрај овој пад, цените на употребуваните возила сè уште се за 27 проценти повисоки во споредба со јануари 2020 година, пред почетокот на пандемијата, пишува Блумберг.

претходниот член,Женско задоволство: Како да постигнете повеќекратни оргазми?
Следната статијаМатилда: Мајка ми ми остави благослов да се омажам за мојот полубрат