Мајката Дијана која го загуби детето, штрајкува 10-ти ден со глад: На кратко хоспитализирана, и дадоа инфузија и се врати на штрајкот

188

На социјалните мрежи, таа доби огромна поддршка од сите. И натаму останува да гладува, веќе 10-ти ден.

Мајката која го загуби детето во несреќата во Нови Сад, кои ја потресоа цела Србија.

Според снимките и објавите на социјалните мрежи, Хрка пристигнала во болницата во инвалидска количка и со заштитна маска на лицето, придружувана од ветерани кои постојано ѝ даваа поддршка.

Таа штрајкува со глад пред српското Собрание од 2 ноември, барајќи надлежните институции да ги изведат пред лицето на правдата сите осомничени за трагедијата во Нови Сад, како и да бидат ослободени студентите и граѓаните кои, според неа, биле незаконски приведени.

Пред неколку дена, Хрка изјави дека ѝ била укажана медицинска помош и дека, доколку ѝ се влоши состојбата, ќе прифати инфузија, но нема да се откаже од штрајкот.

Нејзиниот протест започна еден ден по големиот комеморативен собир во Нови Сад, одржан по повод годишнината од трагичниот настан.

Тогаш таа порача дека ќе продолжи со штрајкот сè додека не се исполнат нејзините барања и не се распишат вонредни парламентарни избори.

Претходна вестТатко од Велес шокиран: Во ваква ситуација го пронашол својот 10-годишен син: Бил нападнат од куче