Маја Морачанин поднесе оставка – ДОМ ќе добие нов претседател

204

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

„Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.

Претходна вестНад 99% обработени гласови: ВМРО-ДПМНЕ загуби еден пратеник, ДУИ има повеќе од СДСМ, ЗНАМ доби уште еден – Левица остана на 6
Следна вестТВ21: Министер од ВМРО-ДПМНЕ во владината Whatsapp група утрово им ја испрати химната на Македонија