Никој не може со него. Лионел Меси повторно е прогласен за најдобар – овојпат во категоријата за фудбалер на годината за 2023 година во изборот на ФИФА.
Многу беше чудна самата церемонија, на која не се појавија тројцата најдобро рангирани – Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Халанд беше прв фаворит со оглед на тоа дека Светското првенство во Катар не беше земено во предвид при изборот, но напаѓачот на Манчестер Сити на крајот имаше ист број на бодови како и Меси (48).
Аргентинецот беше прогласен за фудбалер на годината, само и само поради едно правило на ФИФА, кое гласи: победник е оној кој најмногу бил одбран како прв избор на капитените на репрезентациите.
Меси беше прв избор на капитените во 13 случаи, додека пак Халанд беше прв избор на капитените 11 пати, па наградата му припадна на играчот на Орландо.