Во чест на Светскиот ден на здравјето, денеска во Велес, со моите пријатели лекари ги спомнавме големите имиња на заслужните за здравјето на велешани и на многу луѓе во Македонија. Д-р Цветан Арсов, со диплома број 1 на Медицинскиот факултет во Скопје, педијатар кој се грижел за здравјето на илјадници деца и мајки; д-р Димитар Смилев, основоположник на македонската стоматологија; д-р Никола Поп Стефанов, офталмолог со светско реноме и кариера…
И денес имаме медицински кадар кој е пожелен за светот, но е неопходен дома.
Затоа зборувавме за тоа што треба дополнително да направиме за здравството во иднина.
Здравствените работници го заслужуваат најдоброто, зашто здравјето е најважно.
Да го чуваме здравјето, да го зачуваме достоинството на здравствените работници и достоинството на пациентите.
Од Велес, на сите здравствени работници, честит да е денот!