Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека носеле одлуки и по цена на рејтингот на СДСМ, само за доброто на државата.
„Уставни измени па Влада. Тоа е пред се обврска на секоја политичка партија да и мисли добро на државата. Ако пак се навратиме на моменто тна коалициите, СДСМ секогаш е најважен е сојузот на граѓаните за доброто на државата.
Сите зборуваме во своите програмски агенди за уставните измени, сите имаме сопствени гледишта, но можам да кажам деканајтранспарентен беше… Државотворните одлуки кои сме ги носеле, и по цена на рејтингот на СДСМ, нашата заложба била граѓанинот на прво место, безбедноста, државата, просперитот на државата“, порача Лукаревска.