Лошата вест се прошири: Ѕвездата на Гранд доживеа сообраќајна несреќа – први фотографии од несреќата

20542

Пејачката Шејла Зониќ, победничка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, доживеа сообраќајна несреќа во Тузла.

Шejла ја објави оваа вест на социјалните мрежи.

– Тукушто имав сообраќајна несреќа – напиша Шелјла, откривајќи ги деталите од несреќата:

– Сите сме добро, фала му на Бога! Да бидеме свесни за фактот дека сообраќајните несреќи се случуваат кога внимаваме, а особено кога не внимаваме! Среќно на сите што возат – напиша младата ѕвезда.

Шејла и нејзиниот сопруг се вратија во Тузла по половина година живот во Белград.

Имено, Армин ги пресели сите свои работи додека Шејла беше на турнеја во Америка и Австралија.

– Би сакала конечно да се сместам некаде, но мислам дека е претенциозно да зборувам за тоа во овој момент, бидејќи нашиот живот е буквално во куфери, а автомобилот е наш гардеробер. Секако, не се жалам – рече таа и откри како ги балансира работата и приватниот живот на дури две локации.

Претходна вестРисто Клинсман ја враќа социјалдемократијата во мода во Радовиш: Јас немам што да загубам, може да добие целата Општина
Следна вестУжас на одморот: Македонски државјанин се удави во Албанија