Лошата вест ја потресе Македонија: Почина Агим Јонуз

336

По кратко и тешко боледување поладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар – Агим Јонуз.

По неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје, Агим Јонуз за жал не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.

Јонуз беше активен во политочкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите, како и колумнист на неколку медиумски продукции.

Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.

Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.

Нашата редакција изразува искрено сочуство до семејството на Јонуз.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претходна вестИн мемориам: Битола во тага – почина Зоран Петковски
Следна вестПочина советник од ВМРО – ДПМНЕ кој во неделата беше избран за нов мандат