Центарот за управување со кризи информира дека активен е пожарот над селото Вешала во Општина Тетово. Пожарот е на непристапен терен, гори сува трева и папрат. Гаснењето и состојбата се следи во комуникацијата со надлежните од Националниот парк. Пожарот кај Лисец беше брзо изгаснат.
Според ЦУК, пожарот кај Лисец избувнал покрај влезот на селото. Горела ниска вегетација и ниви од приватен имот. Интервенирале мештани од селото и тим од двајца вработени од Националниот парк. Интервенирале и пожарникарите од Тетово.
Од Националниот парк Шар планина, по 17 часот, известија дека пожарот е локализиран.
Од НП информираат дека утре, во раните утрински часови, ќе испратат екипа за гаснење на пожарот кај село Вешала.