Љупчо Николовски: Горд сум на Дејан, се врати од Германија и сега е успешен млад земјоделец – ги користи мерките кои ги донесовме

240

Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил напиша:

-Свети Николе не’ чека денес за посети со нашите земјоделци. Дејан Петковски е млад земјоделец, кој се занимава со одгледување на лозови насади. Вратен од Германија, решен дека дома е најубаво, подига лозови насади со поддршка од програмата за рурален развој. Кога се мотивирани земјоделците, ние со уште повеќе резултати за нив.

Неодамна Собранието го донесе новиот Закон за вино со кој лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје.

Овој Закон носи уште поголема поддршка за лозарите,зголемен извоз на македонското вино и уште повисоко позиционирање на светската винска мапа.

Претходна вестПрви официјални информации од несреќата во Италија: Загина возачот на автобусот со македонски патници – 12 лица завршија во болница
Следна вестНа сила го однела невенчаниот сопруг (87) на нотар за да и го препише имотот