Лила Филиповска се прости од Зоки Фаци: „Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден”

3886

Почетокот на ноември го обележи тажна вест за македонската естрада – по долга борба со ракот, почина естрадниот новинар и водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.

Човекот што дефинитивно остави траен белег во македонскиот шоубизнис денес беше испратен од страна на семејството, пријателите и сите што сакаа да му кажат последно збогум.

Меѓу нив и популарната водителка Лила Филиповска, која пристигна на гробиштата во Катланово во придружба на нивните блиски пријатели Елма и Ферки Демировски, сопственици на ,,Ми каса”, и водителот Спасе Јовановски.

Обземена од емоции и впечатоци од последната средба со својот пријател, Лила Филиповска му посвети објава на социјалните мрежи, како што и самата кажа, без многу патетика, достоинствено како што Зоки отсекогаш сакал и како што заслужува.

Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува. Достоинствено. Знам дека не сакаш патетики, па затоа нема да бидам. Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет:

„Сјај во тревата. Иако ништо не може да го врати Сјајот во тревата И убавината на цвеќето, Ние не ќе жалиме; Ќе најдеме сила во она што преостанува Во блажените мисли Кои се шират низ човековото страдание Во верата која гледа низ смртта… Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден”, Напиша Лила под објавената слика од Зоки на социјалните мрежи.

Претходна вестМВР: Писмено предупредена жената која се обиде да киднапира дете во Ѓорче Петров
Следна вестМојсоска: Што се случува на Детската клиника? Зошто не е ставен во функција Ургентниот центар? Прашања по смртта на