Лидија излегла од дома околу 05 часот, без документи и телефон – последен пат е видена на автобуска во Јурумлери

Посветена мајка, сопруга, вработена жена без никакви здравствени проблеми, така ја опишува семејството Лидија Трајковска (43), која утрово околу пет часот излегла од семејниот дом и и се губи траг, објави Фокус.

Со себе не понела никакви лични документи, ниту пак мобилен телефон. Нејзините блиски вознемирени од случајот апелираат за помош од јавноста во пронаоѓањето на Лидија.

-Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле.

Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција.

Последна информација околу нејзиното движење имаме од снимки од камери, живееме во Јурумлери, а таа е забележана на автобуската станица Јурумлери.
Облечена е во зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

Се работи за слаба и ниска жена, и секоја информација е добредојдена, за „Фокус“ појаснува нејзината ќерка Мартина.

Во земјава како исчезнати се водат десетици граѓани, а на некои со години не им се знае трагот.

Доколку некој ја забележи или пак има било каква информација за Лидија, да пријави во полиција или пак на телефонскиот број 071/345-208 кај семејството.

Целиот текст на ФОКУС.мк – клик ТУКА.

Претходна вестПоради љубомора ја избол жртвата 22 пати и ја фрлил во бунар – се појави и снимка како доказ
Следна вестЛоша вест го вознемири Скопје: Пред 10-тина дена исчезна – денес пронајден мртов во близина на Арачиново