Лазаров: Наредните планирани настани ги откажувам, УЈП констатираа дека е наградна игра – ќе поднесам жалба

18254

Јутуберот Стефан Лазаров потврди дека вчера имало инспекција од УЈП додека го спроведувале „гивавејот“ во штипскиот клуб Клик. Констатирале дека станува збор за наградна игра, а Лазаров не се сложува со тоа и најавува дека ќе поднесе жалба.

-Поради ново настанатата ситуација вчера и вчерашната контрола од УЈП во која инспекторите констатираа дека е наградна игра наредните планирани настани ги откажувам, но Giveawayot продолжува и извлекувањата ќе се одвиваат од моето студио Лазаров Поткаст.

Во наредните неколку денови ќе поднесам забелешка заедно со мојот правен тим на констатацијата од инспекторите кои со свои очи увидоа дека влезницата не е услов за учество на Giveawayot, туку е влезница за целата програма во која имаше ревии, бенд со музика, стенд ап комичар и изведувач на конги. И истите влезници се продавани од страна на Clique Cabaret за кои имаат и фискални сметки.

Најголем доказ за истово е момент со дечкото кој не го доби телефонот поради тоа што ја немаше лајкнатофотографијата, а со тоа не ги имаше исполнето условите за учество во Giveawayot!, пишува Лазаров.

Претходна вестРакометарките добија незгоден ривал во баражот за пласман на СП
Следна вестТРИ НЕДЕЛИ: Галичник отсечен од светот, остана и без струја