Кузеска: Констатирани се мали прекршувања кои ги сметаме за исклучоци

168

Портпаролката на СДСМ и дел од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски, Богданка Кузеска вечерва соопшти дека изборниот ден поминал во демократска атмосфера. Според неа, констатирани се многу мали прекршувања на изборниот процес, кои ги сметаат за исклучоци.

Вели дека повикувале на масовност и граѓаните слободно да одлучат за иднината на државата и граѓаните.

-Претседателските избори имаат два круга, но ги очекуваме резултатите и ги прибираме информациите. Наскоро ќе излеземе со информации за резултатите, рече Кузеска на кратката прес-конференција од хотелот Александар Палас.

Претходна вестБајден ја потпиша помошта за Украина
Следна вестЕвропски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен