Димитар Ковачевски, пратнеикот од редовите на СДСМ денеска на комисиска седница во Собранието, го коментираше дополнувањето на Законот за енергетика, нарекувајќи го како „продолжување на политиките на минатата влада“.
„Политиките кои ги водеше минатата влада во делот на енергетиката, ги продолжува и оваа Влада“, рече Ковачевски.
Ковачевски најави дека пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи Законот, кој подоцна на пленарна седница беше изгласан со 84 гласа за.