Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова вечерва од Штип најави победа на Павел Иванов.
-Во изминатата година и пол апсолутна власт, ДПМНЕ и Мицкоски и неговите пулени единствено гледаат да им удоволат на нивните газди, на малкутемина привилегирани и имотни, а стотици илјади обични луѓе остануваат во мизерија и бесперспективност.
Е, ама тие стотици илјади луѓе во недела ќе го заокружат бројот.
Оти на луѓето им е преку глава од нивните лаги, од нивниот лажен патриотизам, од нивните празни ветувања кои гледаме дека немаат ама баш никаква намера да ги исполнуваат.
На стотици илјади луѓе им е преку глава од тоа што не’ туркаат во должничко ропство.
На стотици илјади луѓе им е јасно дека на ова нивно расипништво мора што побрзо да се стави крај!
Од нашата маалска средба во населба Сењак испративме силна порака!, заврши Костова.
