Конечно познато: Што ќе се случи доколку нема цензус од 40% на изборите за претседател?

1074

Ако има цензус од 40 отсто на претседателските избори, новиот претседател ќе даде заклетва пред стариот собраниски состав и тој ќе дава мандат за новата влада. Ако нема цензус, мандатот за нова Влада може да го додели актуелниот собраниски спикер Јован Митревски кој ќе треба да распише нови избори.

Во случај на неисполнување на цензусот од 40 отсто за избор на претседател на Републиката, што досега се нема случено, тогаш Уставот предвидува надлежностите и функциите на претседателот на Републиката да ги преземе претседателот на Собранието.

Без цензус, едната опција е мандатот за состав на нова Влада да го додели Јован Митревски како актуелен претседател на Собранието, а втората опција е прво да биде конституирано новото Собрание и новиот претседател на Собранието да доделува мандат за состав на нова Влада.

Граѓаните на 8 мај гласаат на двојните избори: парламентарни и вториот круг од претседателските. Вкупно 17 кандидатски листи на партиите и коалициите ќе водат битка за пратенички мандати во 120-члениот Парламент, додека истовремено актуелниот претседател Стево Пендаровски ќе се соочи со Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателската трка.

Актуелниот мандат на Стево Пендаровски истекнува на 12 мај и според Уставот на Републиката тогаш или Пендаровски официјално треба да го започне вториот мандат или функцијата да ѝ ја предаде на Гордана Сиљановска-Давкова.

За да бидат успешни претседателските избори, освен што еден од двајцата кандидати треба да освои мнозинство гласови од граѓаните, услов е и излезноста да биде најмалку 40 отсто од запишаните граѓани во Избирачкиот список или околу 725.000 гласачи.

претходниот член,Променливо облачно, ќе има пороен дожд, грмежи и град
Следната статијаРАДУША: Дупнати гумите на возилото на набљудувач – ова се деталите