Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Максималната дневна температура ќе достигне меѓу 31 и 38 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 16 степени, додека во текот на денот живата во термометарот ќе се искачи до 38 степени.
Според прогнозата на синоптичарите, во наредните денови ќе преовладува стабилно и уште потопло време.




