Коларовска го напушти Ѓорче Петров – нов предизвик е тимот на Металург

177

Репрезентативката Ана Марија Коларовска направи „бум“ на трансфер пазарот во домашниот шампионат, откако од тимот на Ѓорче Петров се пресели во Автокоманда.

Коларовска е огромно засилување за тимот од Автокоманда, кој за следната сезона има јасна цел – да ги „нападне“ двете титули, домашниот шампионат и Купот на Македонија.

Токму трансферот на Коларовска ги потврдува шампионските амбиции на Металург, кој веќе потпиша и со Петра Јершек, Анастасија Николовска и Ива Божиновска. Во следниот период се очекуваат уште неколку засилувања.

Ана Марија Коларовска е актуелна репрезентативка на Македонија, а со Ѓорче Петров изминатите години редеше успеси, но сега е време за нов предизвик во нејзината кариера.

Претходна вестТепачка меѓу пратеници во бугарскиот Парламент по одлуката за преминување на евро
Следна вестВработени во „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево