Која е младата Симона која прерано го загуби животот – пред малку се огласи градоначалничката на Македонска Каменица

8133

Која е младата Симона која прерано го загуби животот, пред малку се огласи градоначалничката на Македонска Каменица

Советот на Општина Македонска Каменица на денешната седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост на подрачјето на општината, поради прераната смрт на сограѓанката Симона Каранфиловска.

Градоначалничката на општината, Соња Стаменкова, во својата објава истакна дека деновите 30 и 31 декември 2025 година и 1 јануари 2026 година ќе бидат посветени на жалост.

Во тој период се одлагаат сите забавни настани поврзани со новогодишните празници, а државните знамиња пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје.

„Во овие тешки моменти, како општина сме обединети во тагата и сочувството. Упатувам искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Симона.

Нека почива во мир“, порача Стаменкова.

На социјалните мрежи, пријателите на Симона се простуваат со емотивни пораки, споделувајќи само убави зборови за нејзината душа и добрина.

Многумина ја опишуваат како девојка со големо срце, која ќе остане запаметена по својата топлина.

Жалоста ја изразува целата локална заедница, која заедно со семејството на Симона ги дели моментите на тага.

Објавата на градоначалничката погледнете ја со клик ТУКА.

Претходна вестЗгаснаа два животи: Која е младата Симона чија смрт ја зави Македонска Каменица во црно – била бремена и имала само 31 година
Следна вестКристина Цоковска: Човекот кој пијан со возило ме удри е прогласен за најдобар пожарникар во Скопје – не можам да поверувам