Кој и зошто вчера вечерта со 9 убоди од нож го уби матичниот доктор во скопска Железара

317

Матичен доктор вчера вечерта бил убиен пред поликлиниката во скопска Железара. Според информациите од полициски извори, докторот во се уште нејасни околности бил нападнат со нож.

Неговото тело го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полицијата. Според неофицијалните информации на Прес24 кои ги добиле од очевидци на докторот му биле нанесени дури 9 убодни рани.

Убиството го потврдија и од МВР, кои напишаа:

– На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМВР со детали за убиството на докторот од Скопје: Бил пронајден во сопственото возило со убодни рани
Следна вестСлободен печат: Убиен матичниот лекар Ацо Трповски, пронајден во неговиот автомобил