Претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави 19 кандидати за градоначалници од редовите на неговата партија, кои ја добиле довербата од Централниот одбор на СДСМ.
Меѓу нив се најде и актуелниот градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, кој во целост ја доби довербата да биде кандидат за уште еден мандат за градоначалник.
Од она што гласно го кажуваат Крушевчани, јасно е зошто изборот лесно паднал на Христоски, кој е човек од збор, целосно ја реализира програмата дадена во изминатата кампања, а воедно реализирал и многу проекти, кои воопшто не биле планирани.
Прогресот на Крушево е видлив, па затоа и повеќе од јасно е дека тој ќе ја има фаворитската улога за уште еден мандат, без разлика кој ќе биде негов против кандидат.



