Кочанчани повторно на протест, најавија и кривични пријави

22

Убијци, сакаме чиста средина, до кога политичките интереси пред здравјето на граѓаните се дел од пораките од денешниот протест на кочанчани. Тие не се откажуваат од својата намера и планираат до крај да се изборат за своето здравје и чист воздух.

И покрај едногласната одлука на Советот на општина Кочани за забрана за депонирање на смет од другите општини, сепак со полициско присуство претходните денови насилно се депонираше сметот од соседните општини, што само го зголеми гневот и незадоволството кај кочанчани, посочуваат од Граѓанскиот одбор.

Венко Крстевски, независен советник во о. Кочани и претседател на Надзорното тело за мониторинг на комуналната депонија

Членовите на Граѓанскиот одбор најавија и кривични пријави против повеќе засегнати лица, откако четврти ден камиони на комуналните претпријатија од Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево исфрлаат отпад на депонијата.

Пред самиот протест, Општина Кочани излезе со соопштение во кое тврдат дека останува нивната заложба за реализација на проектот за воспоставување регионален систем за управување со депониите во Источниот Плански Регион, со крајна цел – изградба на депонија во Свети Николе, а со тоа и конечно затворање на депонијата во Кочани.

Инаку, незадоволството на граѓаните денес беше искажано со двочасовна блокада на една од главните сообраќајни крстосници во централното градско подрачје, од каде граѓаните се упатија во салата на Советот за да побараат одговори од локалната власт. На денешната 56та Седница, Советот донесе едногласен заклучок, одлуката за забрана за депонирање на смет од соседните општини да се достави до комуналното претпријатие и “Водовод” да ја почитува истата.

Претходна вестТаравари се пофали: Буџетите се усвоени – од 4 општини ќе има пари за Албанската академија
Следна вестСтудентите на средба со Арсовска: Владата да донесе одлука за продолжување на бесплатниот јавен превоз за студентите