Климента по смртта на 16 годишно девојче од Брвеница: Убијци, уште колку деца уште треба да починат за да се освестите?

1513

Новинарката Арбана Ќерими Климента од Портал Х на својот профил на фејсбук сподели уште едно траорно сведоштво за случај на кој работела.

-Системот уби уште едно дете. Вчера попладне, ни се јави мајка од Брвеница да побара помош за нејзината 16 годишна ќерка која четири месеци е во кома.

Со месеци барала конзилијарно мислење за трансплатација на срце во Словенија но не добила никаков одговор. Постојано талкала од клиниката во Тетово па во Скопје. И НИШТО.

Утринава стигнавме во Брвеница и се јавив да прашам каде точно живее, со треперлив глас ми рече дека детето починало…

Убијци, уште колку деца уште треба да починат за да се освестите?

претходниот член,(ВИДЕО) Страшни сцени на автопат: Избувна пожар на сред пат, пожарникарите се борат со пламените јазици
Следната статијаВо Штип 62-годишник се обидел да силува 30-годишна жена