Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

Некои знаци на Зодијакот ги очекува вистинско будење на најубавите емоции во текот на месец април.

Доколку не сте во врска и чувствувате дека љубовта ве чека веќе на следниот агол, можеби пролетта ќе ви ги разбуди емоциите. Дали се и вие меѓу среќниците?

Еве што велат астролозите.

Стрелец

Овој хороскопски знак ја сака својата слобода и ужива во неа. Но, оваа пролет ќе почувствува пеперутки во стомакот. Конечно, после толку долго време на осаменост, многу Стрелци ќе најдат неверојатен партнер/ка кој/а ќе им го промени драстично животот.

Близнаци

Близнаците ги очекува наплив на „пролетни хормони“, па најдобро е да им се препуштите и да уживате дури и во помалите афери. После многу разочарувања и затворање во себе, конечно ќе можете да си го отклучите срцето. Можно е да ја вратите љубовта од минатото и повторно да ги разбудите заспаните емоции!

Риби

Луѓето родени под овој хороскопски знак ќе најдат голема љубов оваа пролет. Буквално – НАЈГОЛЕМА. Рибите се желни за хармонија, а сега конечно ќе можат да го предадат срцето на „чување“ во нжни раце и да се препуштат на убавите чувства.

Претходна вестПолицијата има нов правец во потрагата по малата Данка
Следна вестЌе продолжиме по европскиот пат или ќе возиме во спротивна насока?!