Канал 5 сподели тажна вест: Почина Влатко Костадиновски, кој долги години работеше во телевизијата

2277

По долго боледување, на 61-годишна возраст почина Влатко Костадиновски.

Цели 24 години беше дел од телевизија Канал 5, каде што од 2002 година остави длабок и траен белег со својата професионалност, посветеност и човечност.

Ќе остане запаметен како исклучителен колега, и пријател, кој со својата работа и личност придонесе за развојот на медиумската сцена во Македонија.

Неговото дело и споменот за него ќе живеат и понатаму, објавија од Канал 5.

Претходна вестБеше добро и вредно момче: Трагедија во Македонија – згасна млад живот
Следна вестВажна вест за сите ученици: Се поверојатно е одложување на почетокот на второто полугодие