„Како ли да поверувам и на оваа лоша вест…“, тага и неверување по смртта на македонската пејачка од страна на нејзините колеги

646

Тажна вест попладнево се рашири на социјалните мрежи. Почина македонската пејачка Небахат Бади Бекир.

Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапувала со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.

По објавувањето на денешната тажна вест се огласи и Росана, која откри дека Бади боледувала од најтешката болест.

Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор. Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии.

Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.

Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посвети на македонската фолк песна.

Објвата може да ја погледнете со клик ОВДЕ

Претходна вестВечерва небото и земјата се најблиску – внимавајте на соништата и молитвите
Следна вестТрамп успева во невозможното: Ги смирува Украина и Русија во план од 28 точки – прочитајте детално