Како денес, така и секој ден, СДСМ е со народот на терен, меѓу луѓето, со отворени уши и чиста совест, истакна Александар Саша Димитријевиќ

47

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ со објава на социјалните мрежи:

Како денес, така и секој ден, СДСМ е со народот на терен, меѓу луѓето, со отворени уши и чиста совест.

Ги слушаме вашите коментари, забелешки и предлози, затоа што нашите политики ги креираме заедно со вас.

Пред вас стоиме со крената глава и чист образ, затоа што за разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние сработивме многу.

Минималната плата ја зголемивме неколкукратно во само седум години.

За пензионерите обезбедивме системско покачување на пензиите – нешто што ВМРО-ДПМНЕ го укина, манипулирајќи ги граѓаните со еднократни 1000 денари.

За земјоделците донесовме повисоки субвенции и нови мерки за поддршка.

И првиот чекор кон промената е:

Пораз на ДПМНЕ на локалните избори најпрво во Радовиш, а потоа низ целата држава.

СДСМ во Радовиш излегува со Ристо Спасов за градоначалник чесен човек, докажан професионалец и тим на советници со знаење, енергија и волја да работат за сите.

На 19 октомври, обединиме се околу бројот 5.

Да дадеме поддршка за Ристо Спасов.

Да го започнеме бранот на промени токму од Ињево, од Радовиш.

Претходна вестПрограмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост, порача Каранфилова–Пановска од Неготино
Следна вестМицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци