Каде ќе се движи градскиот воз? Министерот Николоски сподели видео на Фејсбук

196

Скопје ќе добие градски воз. Тоа сега веќе е 100% сигурно.

Дали рутата е добра, на социјалните мрежи има многу различни коментари.

Информацијата први ја објавија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски.

Денес, пристигнаа повеќе информации и детали од министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица.“ напиша на Фејсбук министерот за транспорт Александар Николоски, по чија иницијатива се активира проектот за градски воз.

Тој сподели и видео од трасата, кое може да го погледнете на неговиот Фејсбук профил со клик ОВДЕ.

Погледнете го видеото и напишете ни коментар, како ви се допадна?

Претходна вестПочивај во мир Тамара: Младата девојка го загуби животот по труење од храна купена од комбе за храна
Следна вестСлучајот со младата мајка Марина од Штип остана мистерија – нејзиниот свекор се самоуби еден месец по нејзиното исчезнување