Јенс Леман уапсен на Октоберфест

111

Поранешниот голман на германската репрезентација и на Арсенал, Јенс Леман, е уапсен поради сомнение дека возел под дејство на алкохол откако присуствувал на Октоберфест.

Леман бил запрен од полицијата во Минхен, а откако одбил алкотест, бил приведен во полициската станица.

Според „Билд“, Леман се тетеравел и се чувствувал силен мирис на алкохол, а поради одбивањето на алкотестот, бил однесен во полициската станица за понатамошни проверки, при што му била одземена возачката дозвола. Пред инцидентот, бил фотографиран како слави со пиво во раката.

За време на својата кариера, Леман одигра 61 натпревар за германската репрезентација и бранеше за клубови како Шалке 04, Борусија Дортмунд, Милан и Арсенал.

претходниот член,Таеквондо Клубот Младост трет во Охрид: Калина Стефкова најдобра пионерка
Следната статијаЛидерите на германските Зелени поднесоа оставки по неколку изборни порази