Јаневска во Собрание: Наставниците се пресреќни и задоволни од покачувањето кое им го дадовме

227

Просветните работници овој месец ќе добијат плата поголема за 5%, што е резултат на договорот на Владата и СОНК за континуиран раст на нивните приходи во следните 4 години во износ кој ќе зависи од висината на инфлацијата, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во Собранието, одговарајќи на прашање од пратеничката Јованка Тренчевска.

„Постигнавме договор за покачување на платите во оваа година, согласно можностите кои се создадоа во буџетот. Да не беа заостанатите долгови кои ги остави претходната Влада, зголемувањето ќе беше поголемо. Но, за жал, недостигаа 1,5 милијарди денари за исплата на плати на вработените во високото образование. Недостигаа 900 милиони денари за исплата на плати во основното и средното образование и ние приоритетно моравме да ги обезбедиме“, рече Јаневска, додавајќи дека не беа исплатени ниту многу права од областа на ученичкиот и студентскиот стандард.

Министерката додаде дека наставниците се задоволни што во февруари ќе се потпише договор според кој нивните плати загарантирано ќе растат секоја година, во зависност од инфлацијата.

„Наставниците се задоволни од односот на новата Влада. Претходната ја третираа како власт која владее, а сегашната како Влада со мандат за работа, соработка и остварување резултати“, реплицираше министерката Јаневска, додавајќи дека во изминатите четири месеци немаше штрајк на наставници, туку само еден обид на СДСМ да штрајкува во нивно име, собирајќи 50тина партиски членови пред МОН, на чело со нивниот лидер.

претходниот член,ВОНРЕДНО: Потврден нов случај на птичји грип, на сила и решение за заштитни мерки за болеста син јазик
Следната статијаИгор Џамбазов замина преку океанот и прати поздрав до Македонците: „Чувајте ми ја Македонија“