Јане Стојанов е новиот претседател на ОО СДСМ – Велес

449

40- годишниот Јане Стојанов е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ Велес.

Тој на оваа функција доаѓа со решение од партискиот лидер на партијата, Венко Филипче но и со поддршка од локалното членство.

„ОО СДСМ Велес доби нов претседател кој ќе ја врати партијата на победничките патеки. Заедно сите здружени, сплотени, да ги менуваме работите во општината кон подобро, велат од ОО СДСМ Велес.

Тој по професија е дипломиран економист, член е на Социјалдемократскиот сојуз од 2001 година, а до сега извршувал повеќе партиски функции. Тој во моментов е раководител на РРК Велес.

Стојанов кој е добро познат на велешката јавност, жешкото столче го наследи од сега веќе поранешната претседателка Даница Чадиева.

Претходна вестЗошто жените се мажат за милионери од Дубаи? Ги користат како банкомат – еве што треба да направат за возврат
Следна вестСопругот на Ана се соочува со смртна казна за нејзиното убиство: Проширено обвинение против Давид