Јакимовски го нарече Муцунски вицкаст и порача: Јас признав пораз, вие излеговте алкохолизирани на прес-конференција

682

Објавата на градоначалникот на Карпош и кандидат во првиот круг од претседателските избори, Стевчо Јакимовски, следува откако, како што пишува, неговиот колега, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, се подбивал со неговиот изборен резултат притоа „обидувајќи се да биде вицкаст“.

Јас прв го признав поразот и му честитав на водството на нивниот кандидат, а тие пред македонската јавност излегоа во алкохолизирана состојба и едвај го прочитаа тоа што го напишале.

Ова во објава на Фејсбук синоќа го напиша актуелниот градоначалник на Карпош и претседателски кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски, по првиот круг од претседателските избори кој тој го заокружи со 8 121 освоен глас, убедливо најмалку од останатите шестмина кандидати.

Објавата на Јакимовски следува откако, како што пишува, неговиот колега, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, се подбивал со неговиот изборен резултат притоа „обидувајќи се да биде вицкаст“.

„Иако и јас можам да бидам повицкаст, јас ќе бидам само реален и ќе изнесам факт. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, наследи општина со 200 милиони денари на жиро сметка, клубот МЗТ со 6 милиони денари и 18 милиони денари потпишани договори кои треба да легнат на сметката на клубот во наредниот период. Денес општина Аеродром не може да си ги плати обврските кон добавувачите и изведувачите, има проблеми со исплта на плати. На МЗТ му ветуваше брда и долини, а сега доцни со плати. Веројатно колегата мисли дека високиот резултат на нивниот претседателски кандидат е како плод на неговото домаќинско и успешно работење и дека оваа разлика во однос на другиот кандидат се резултат на неговото управување, но реалноста е дека следниот градоначалник по него нема да може да ја оправи општината. Заради колосалните успеси во локалната самоуправа сега се гребе за функција во влада“, пишува, меѓу другото, Јакимовски во објавата на Фејсбук.

Во контекст на својот слаб изборен резултат од првиот круг од претседателските избори, Јакимовски вели дека е шокиран исто како што ВМРО-ДПМНЕ била шокирана од превисокиот број на гласови што ги освоила нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова. Но, како што вели, прв излегол и го признал поразот и ѝ честитал на Силјановска-Давкова што, како што вели, му доликува на еден претседателски кандидат.

Претходна вестЛукаревска: Да го почекаме вториот круг, ќе бидеме фактор на стабилност за формирање нова Влада
Следна вестПендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците