Ја доби довербата од раководството: Костадин Ацевски од СДСМ кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров

874

Костадин Ацевски, актуелен претседател на СДСМ во Ѓорче Петров ја доби довербата од Централниот одбор на партијата, да биде кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Ацевски е познат меѓу своите соборци како искрен и чесен човек, многу лојален и токму поради тоа веруваат дека со него, СДСМ има големи шанси да прослави победа во Ѓорче Петров.

ВМРО-ДПМНЕ претходно потврди дека од нивните редови шанса за нов мандат ќе добие актуелниот градоначалник Александар Стојкоски, додека се уште не е познато и дали и со кој кандидат ќе настапи Левица, кои имаат сериозна бројка на гласови во оваа општина.

Претходна вестКога работите и ја исполнувате програмата, тогаш успехот е сигурен: Томе Христоски повторно кандидат за градоначалник на Крушево
Следна вестСитуацијата е сериозна: Доаѓа големо невреме во овие делови од Македонија – бидете внимателни