Измамена скопјанка: и кажале дека ќерка и предизвикала сообраќајка и прегазила дете па и барале пари

139

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10 часот била измамена од едно лице за сума од 1.800 евра.

Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полиција.

Претходна вестЛевица поднесе кривична пријава против премиерот Мицкоски
Следна вестАЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид