Изгоре цела фабрика во Велес

998

Според информациите добиени од СВР Велес и ТППЕ Велес, пожарот во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, кој бил пријавен во ТППЕ Велес во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот на 04.08.2025 година, е локализиран во 04:00 часот на 05.08.2025 година.

Сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен.

Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали).

Во гаснењето на пожарот учествувале:

3 противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени (точниот број пожарникари не е прецизиран од страна на дежурниот),

1 возило од ЈКП „Дервен“,

2 специјални пренаменети возила на ДЗС,

присутни биле и 6 полициски службеници од СВР Велес.

Претходна вестПочивај во мир, убавице: Eстрадата во шок, колегите се простуваат од младата српска пејачка
Следна вестДВА ДЕНА ќе трае обуката на новите пожарникари – Ангелов сподели информации околу постапката