Дваесет и петгодишна девојка од Непал којашто работела во хотел во Охрид го напуштила домот во којшто престојувала.
„На 3 септември во 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.М.(25) од Непал го напуштила домот во кој престојувала во Охрид и не се појавила на работното место во хотел во Охрид каде претходно остварила договор за вработување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираа од СВР Охрид.
Како што неодамна објави „Макфакс“, полицискиот билтен секојдневно го полнат случаи поврзани со Непалци – вработени во македонски фирми кои исчезнуваат, а за кои се претпоставува дека од тука заминуваат на работа во европските држави.
Засега нема информации за Непалци кои биле најдени, а според полицисиките извештаи, десетици исчезнуваат секој месец.