72-годишната Марика Илиевска исчезна во раните утрински часови.
Последен пат била видена околу 08:30 часот во близина на ТЦ Лептокарија, во населбата Карпош 3.
Илиевска била облечена во сива јакна и, најверојатно, носела шешир.
Станува збор за лице со деменција, поради што е особено важно навремено да се реагира и да се сподели информацијата.
Сите граѓани кои имаат каква било информација што може да помогне во пронаоѓањето, се повикуваат веднаш да ги известат надлежните служби.




