Иран изврши ракетен напад врз Израел – Се слушаат серија експлозии во Тел Авив и во близина на Ерусалим

399

Израелската војска соопшти дека Иран истрелал проектили кон Израел, а сирените за воздушен напад се огласуваат низ целата земја. Иран потврди дека лансирал десетици балистички ракети, кои летаа над либанското и сириско небо кон Израел, како чин на одмазда за убиството на лидерите на Хезболах и Хамас. Според последните извештаи кон главните градови на Израел биле истрелани повеќе од 400 балистички ракети. Иранската државна телевизија објави дека 80 отсто од околу 200 проектили истрелани кон Израел ги погодиле нивните цели.

Се слушнаа серија експлозии во Тел Авив и во близина на Ерусалим, кои беа толку силни што прозорците се тресеа. На жителите им беше наредено да се засолнат и да останат блиску до засолништата. Пораката им беше испратена на нивните мобилни телефони и беше објавено на националната телевизија.

Почитувани граѓани, пред кратко време беа лансирани проектили од Иран на територијата на Државата Израел. Од вас се бара да бидете внимателни и да дејствувате точно според упатствата на Командата на Домашен фронт. Во последните неколку минути, Домашниот фронт дистрибуираше пораки до вашите мобилни телефони за одредени области со инструкции за спасување живот кои ве водат да влезете во заштитеното подрачје, Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.
Иранската мисија во ОН го оцени нападот како легитимен и рационален одговор на израелските терористички напади. „Доколку ционистичкиот режим се осмели да одговори, ќе следи последователен и тежок одговор, порачаа од иранската мисија советувајќи ги поддржувачи на ционистите да се разделат од тој режим.

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден ѝ нареди на американската војска да помогне во одбраната на Израел од иранските напади и да ги соборува ракети насочени кон Израел, соопшти Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Израелскиот меѓународен аеродром Бен Гурион е затворен „во моментов нема полетувања и слетувања“, изјави портпаролот на главниот меѓународен аеродром во Израел. На улиците на Тел Авив се случи пикање во кое има осум жртви, а според тамошните извештаи станува збор за терористички чин. Во близина на железничката станица по улиците има непознат број на тела на кои им помагаат медицински лица. Овој инцидент се случи токму кога Иран го нападна Израел.

Во јужен Либан денеска се погребуваат жртвите на израелскиот воздушен напад, во кој загинаа најмалку 45 лица, а повредени се повеќе од 60, соопшти либанското Министерство за здравство. Соопштувајќи го почетокот на копнената фаза од операцијата против Хезболах во Либан, Израел обвини дека либанската организација се подготвувала сама да изврши инвазија на северниот дел од земјата, и да масакрира цивили како што тоа го направи Хамас на 7 октомври минатата година.

Ние веруваме дека израелскиот непријател направи промени од воздушни и поморски напади во копнени напади. Многу области во Либан може да бидат погодени од тие воздушни, поморски и копнени напади. Израел не прават разлика помеѓу цивили и милитанти, Абдул Рахман Бизри, либански пратеник.
Претходно, Израел ги предупреди јужните либански заедници во близина на границата да заминат набргу по започнувањето на, како што ја нарече, ограничената копнена операција против цели на Хезболах кои претставуваат непосредна закана за заедниците во северен Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера издаде предупредување до Иран, кој ги поддржува Хезболах и Хамас. Либанскиот премиер вели дека неговата земја се соочува со „една од најопасните фази“ и дека еден милион луѓе се раселени.

претходниот член,И САД влегува во војна, Бајден само што нареди – АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА итно ќе помогне на ОВАА земја
Следната статијаДОЦНА ВЕЧЕРВА: Напади започнаа и на европско тло – на мета амбасада на ОВАА држава