ИЕ-3, гласови од вторник: СДСМ со сериозна предност пред ВМРО-ДПМНЕ, Стево води во Велес, Делчево, М. Каменица, К. Паланка, затворот во Штип…

322

Вторник, 23-ти април, во Македонија гласаа немоќни и болни луѓе, во првиот круг од претседателските избори.

Протекуваат информации од бројот на гласови кои ги добиле кандидатите, односно како гласале болните и немоќни луѓе. Од информациите кои ги имаме од терен, од извори блиски до двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во блага предност е владејачката партија.

Неофицијално, Стево Пендаровски освоил 100 гласови повеќе од Гордана Силјановска Дакова во затворот во Штип. Сериозно водство Пендаровски има и во Велес, каде повеќе од половина од гласовите од пријавените на болни и немоќни се зад контото на СДСМ или над 80 гласови.

Според не потврдени информации, Во Крива Паланка, Пендаровски добил дури 190 гласови, додека Силјановска Давкова само 30.

СДСМ има предност од 60 односно 50 гласови во однос на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево и Берово, а изненадувачки, но неколку гласови повеќе СДСМ има и во Македонска Каменица наспроти ВМРО-ДПМНЕ.

Во очекување на гласови од останатите општини, дополнително ќе известиме. Сите овие бројки се неофицијални односно пренесени од луѓе од органите во партиите.

Претходна вестПожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
Следна вестМакедонија гласа на првиот круг претседателски избори