И додека не му чини на Милевски: Ристовски главен во Хрватска – неговиот Динамо го победи Хајдук, тој се качи на трибини кај БББ

322

Динамо во Сплит го победи Хајдук со 1:0 во големото дерби од 28. коло на хрватскиот шампионат.

Голот за победа го постигна капитенот на „модрите“, Бруно Петковиќ во 38. минута. Со оваа победа Динамо го скокна Хајдук на табелата, има пет бода помалку од Риека со натпревар помалку.

Фудбалерите на Динамо со навивачите ја прославија победата.

Највпечатливиот потег го направи Стефан Ристовски, кој се качи на оградата на трибината каде што беа Бед Блу Бојс и го предводеше навивањето. Навивачите го пречекаа со ентузијазам. Потоа сите играчи се собраа пред трибината и заедно ја прославија победата.

Видеото погледнете го ТУКА.

Претходна вестПродолжува судењето на семејството Кецмановиќ, сведочи момче рането во масакрот
Следна вестЛАЖЕ ЛИ МАЈКАТА: Овие 3 изјави не се совпаѓаат – ова ги ЗАЧУДИ сите